Благодарност до г-ѓа Соња Абаџиева

Општина Дојран и О.О.У “Кочо Рацин” од Нов Дојран изразуваат голема благодарност за донацијата на книги од нашата позната и ценета Соња Абаџиева, ќерка на еден од најпознатите дојранчани Ѓорги Абаџиев.

Нејзината донација е од голема важност за зголемување на училишниот книжевен фонд, како и за поттик на читатeлските навики кај младите во Дојран.

Г-ѓа Соња Абаџиева во многу наврати покажала дека е вистински вљубеник во Дојран, човек со големо срце, исто како и нејзината ценета фамилија Абаџиеви.

Нејзината донација на книги е за поздравување и почит.

Благодариме од срце и ве очекуваме во Дојран да ни бидете почесна гостинка.