Месец: м.г

Прво прскање против возрасни комарци по земјен пат

Согласно набавката предвидени се вкупно две прскања за ларвициди и три прскања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион дека првото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 24 и 25 јуни 2020 година, со следниот распоред:

1.    На 24.06.2020 година (среда), во период од 18.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица и

2.    На 25.06.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

 

Расчистување и уредување на крајбрежјето и плажите

Со цел да се овозможи формирање на нов простор и плажи на езерото деновиве во општина Дојран се спроведуваат активности на расчистување на крајбрежјето.

Расчистувањето на крајбрежјето се спроведува во рамките на проектот „Интегриран одржлив менаџмент систем на екосистемот на Дојранското езеро – План Д“ помеѓу плажа Фук-Так и полициски автокамп во должина од 600 метри

Со расчистување на крајбрежјето, освен што отвораме нови плажи му овозможуваме на езерото повторно да дише и го чистиме по природен пат – изјави г-н Анго Ангов, Градоначалник на општина Дојран.

Проектот е кофинансиран од Европската унија преку ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за

прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија

CCI No. 2014 TC 16 I5CB 009

 

Испитувања на водата од Дојранското Езеро

Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека истата е во ОДЛИЧНА СОСТОЈБА и е БЕЗБЕДНА за капење и рекреација на луѓето!

Според последните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро, примероци земени од Градската плажа, плажата кај хотелот “Полин” и плажата “Гранико” е докажано дека водата кај трите споменати плажи е во одлична состојба и истата може да се користи за капење и рекреација на луѓето.

   Во прилог се извештаите од стручното мислење за здравствената безбедност на водата од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.