Се известуваат сите граѓани од Југоисточниот плански регион дека второто прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 22, 23 и 27 Јули 2020 година, со следниот распоред:
1. На 22.07.2020 година (среда), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Струмица и Василево;
2. На 23.07.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Ново Село, Босилово, Валандово, Богданци и Дојран;
3. На 27.07.2020 година (понеделник), во период од 20.00 до 02.00 часот во општина Гевгелија.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.