Месец: м.г

Информација за трето прскање против комарци

Се известуваат сите граѓани од Југоисточниот плански регион дека третото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 19 и 20 Август 2020 година, со следниот распоред:

1.    На 19.08.2020 година (среда), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Струмица, Босилово, Василево и Ново Село;

2.    На 20.08.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.

Реставрација на пешачка патека – Дојранско Езеро

Милиеуконтакт Македонија, во рамки на проектот “Подобрување на биодиверзитетот на Дојранското Езеро преку соработка со сите општествени чинители и спроведување на екосистемски практики”, има потреба од склучување на Договор за Набавка на градежни работи за Реставрација на пешачката патека на кејот на Дојранското Езеро.

За таа цел, Ве покануваме да доставите понуда за услугите наведени подолу во ова Барање за прибирање на понуди (БПП). За да одговорите на ова БПП потребно е да ги следите упатствата содржани во овој документ.

Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договорот најдоцна до 20 август во 17.00 часот по е-пошта на info@mkm.mk.

Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата.

Обрасците за поднесување на понудата како и тендерската документација може да ги најдете на следниов линк:

Реставрација на пешачка патека – Дојранско езеро