Месец: м.г

Обука за образованието, семејството и менталното здравје во време на Ковид 19

             Денес и утре во хотелот “Истатов” во Нов Дојран се одржува обука за директори на воспитно – образовните установи, детски градинки, која ја организира Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ.
             Тема на обуката е “Образованието, семејството и менталното здравје во време на Ковид 19”. Обуката ја реализира мултидисциплинарен тим од областа на психологијата, педагогијата и социологијата на следните поттеми:
1. Проф. д-р Ана Фрицханд, „Предизвиците пред менталното здравје во време на пандемијата на Ковид 19“;
2. Проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска, „Модели на вербална и невербална комуникација со децата во услови на пандемија“;
3. Проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова, „Улогата на семејството и масовните медиуми во време на Ковид 19 – предизвици и последици.
Во време на светската пандемија предизвикана од Ковид 19, ваков вид на предавање е неопходно за зачувување на физичкото и менталното здравје на најмладите членови во општеството – децата.
Општина Дојран како и секогаш ги поддржува обуките кои се однесуваат на образование, здравство и полесно справување со вирусот кој моментално е најголем предизвик за сите држави во светот.

Одржан триатлон во Дојран

По шест години пауза, вчера (20.09.2020г.) во Дојран, Македонската триатлон федерација во соработка со Општина Дојран организираа триатлонски натпревар. Настапија 91 спортист од сите возрасти, поеднинци и клубски претставници од земјава во 12 различни категории.
Триатлонот е спорт кој зема замав во Македонија со свои следбеници, а вклучува три дисциплини, брзинско трчање, велосипедско возење и пливање. Победник е најбрзиот натпреварувач во сите три траси.
Сите учесници и организатори се придржуваа на ковид протоколите, за што и стартовите на секој од учесниците беше во бранови на секои 20 секунди, со пет натпреварувачи во бран, а конечниот резултат се бодираше на крајот од трките.
Настапуваа следните категории: Сениори/ки (2000 година и постари), Јуниори/ки (2001-2004 година), Кадети/ки (2005-2007 година) и Рекреативци/ки (2004 година и постари), Деца од 2008-2011 и Деца од 2012 и помлади).

Натпреварот помина во одлична атмосфера, беа присутни голем број туристи, но и гости кои дојдоа специјално за триатлонот. Целиот настан беше во организација на Триатлон Федерацијата на Македонија и на Општина Дојран, а помагатели беа Агенцијaта за млади и спорт и Олимписки Комитет на Северна Македонија.

Формулар и брошура за јавна поплака

АД Електрани на Северна Македонија планира изградба на Парк на ветерни електрани Богданци – Фаза II со очекуван капацитет од 13,2 MW во општина Богданци, Република Северна Македонија. Овој проект е дел од Планот за развој и инвестиции на ЕСМ  и ќе биде продолжение на постојниот Парк на ветерни електрани, која има инсталирана моќност од 36,8 МW и е прв ваков објект во РСМ што го користи ветерот како погонска сила за производство на електрична енергија. Овој проект ќе ги поддржи националните напори за зголемување на учеството на обновливите извори на енергија во вкупното производство на електрична енергија, намалување на негативното влијание на производство на енергија врз животната средина и здравјето на луѓето, како и да се обезбеди одржлив развој на заедниците.

Формуларот и целосната брошура за јавна поплака може да ја симнете на истава веб страна во делот за документи (documents).

Промоција на проектот „Интегриран одржлив менаџмент систем на екосистемот на Дојранското Езеро- План Дојран“

       Општина Дојран во соработка со Македонско научно друштво-Битола организираат промо-активности за заштита на езерото со стратегиско предвидување и планирање. На средба во локалната самоуправа, претседателот на МНД-Битола, проф. д-р Марјан Танушевски го информира градоначалникот на Општина Дојран г-дин Анго Ангов за експертската поддршка од страна на МНД-Битола во проектот „План Дојран“.

Реализацијата на проектот се одвива со поддршка на ЕУ во рамки на програмата Interreg-IPA CBC (CCI 2014 TC 16 ICB 009) за соработка меѓу РС Македонија и Република Грција.