Општина Дојран во соработка со Македонско научно друштво-Битола организираат промо-активности за заштита на езерото со стратегиско предвидување и планирање. На средба во локалната самоуправа, претседателот на МНД-Битола, проф. д-р Марјан Танушевски го информира градоначалникот на Општина Дојран г-дин Анго Ангов за експертската поддршка од страна на МНД-Битола во проектот „План Дојран“.
Реализацијата на проектот се одвива со поддршка на ЕУ во рамки на програмата Interreg-IPA CBC (CCI 2014 TC 16 ICB 009) за соработка меѓу РС Македонија и Република Грција.