Денес и утре во хотелот “Истатов” во Нов Дојран се одржува обука за директори на воспитно – образовните установи, детски градинки, која ја организира Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ.
Тема на обуката е “Образованието, семејството и менталното здравје во време на Ковид 19”. Обуката ја реализира мултидисциплинарен тим од областа на психологијата, педагогијата и социологијата на следните поттеми:
1. Проф. д-р Ана Фрицханд, „Предизвиците пред менталното здравје во време на пандемијата на Ковид 19“;
2. Проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска, „Модели на вербална и невербална комуникација со децата во услови на пандемија“;
3. Проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова, „Улогата на семејството и масовните медиуми во време на Ковид 19 – предизвици и последици.
Во време на светската пандемија предизвикана од Ковид 19, ваков вид на предавање е неопходно за зачувување на физичкото и менталното здравје на најмладите членови во општеството – децата.
Општина Дојран како и секогаш ги поддржува обуките кои се однесуваат на образование, здравство и полесно справување со вирусот кој моментално е најголем предизвик за сите држави во светот.
![](https://dojran.gov.mk/wp-content/uploads/2020/09/IMG-fad774067990a297f54baeba70246764-V-300x225.jpg)
![](https://dojran.gov.mk/wp-content/uploads/2020/09/IMG-9f5a4d526366435cb2701fd0d2fc3dfd-V-300x225.jpg)
![](https://dojran.gov.mk/wp-content/uploads/2020/09/IMG-340f431f7bd0026d9561db8348e0533f-V-300x225.jpg)
![](https://dojran.gov.mk/wp-content/uploads/2020/09/IMG-2fa0fb9d66295da0c24587893b23a63f-V-300x225.jpg)
![](https://dojran.gov.mk/wp-content/uploads/2020/09/119952989_632316897426866_9185646486294694583_n-300x225.jpg)