Месец: м.г

Амбасадорот на Кралството Холандија во посета на Општина Дојран

Вчера, 15.10.2020 година, на работен состанок во Општина Дојран беше Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, г-дин Дирк Јан Коп.
Беше разговарано за можностите за инвестирање и потенцијалот кој го нуди Дојран, моменталната ситуација со Ковид 19 и можностите за развој на нашата општина и презентација на истата на холандскиот туристички пазар.

Военото атеше на В. Британија во посета на Општина Дојран

Военото атеше на Велика Британија во Република Северна Македонија, г-дин Andrew Layton денес беше во посета на Општина Дојран.
На средбата беше разговарано дека со заложби,односно донација на Британската амбасада ќе започне чистењето на фронтовата линија, маркирање на спомен обележјата и промоција на истата со цел да се привлечат што поголем број на британски туристи.

Четврто прскање против комарци по земјен пат во Општина Дојран

          Се известуваат граѓаните од општина Дојран дека четвртото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 06.10.2020 година, (вторник), во период од 16.00 до 18.00 часот.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.