Општина Дојран се приклучува кон кампањата #16ДенаАктивизам против родово базираното насилство со тоа што во наредните 16 дена ќе биде понудена анонимна бесплатна правна помош на жртви на родово базирано насилство. Понатаму, општината во текот на оваа кампања ќе посредува помеѓу пријавителот на насилството и останатите институции кои во меѓувреме ќе се покажат како соодветни за решавање на проблемот на жртвата.

Едно поново истражување на ОБСЕ за насилството врз жените во државата покажува дека 14% проценти од жените биле жртва на физичко или сексуално насилство од партнер или од друго лице откако наполниле 15 години. Околу 44% од жените биле жртви на психолошко насилство од интимен партнер, 3 од 10 жени биле жртви на сексуално вознемирување, а 1 од 10 жени тоа го доживеала во последните 12 месеци. 7% од жените биле следени од демнач. Многу долго молчењето и стигмата овозможија насилството врз жените да продолжи, а отсуството на критика на самите наши општества дополнително ја влошува ситуацијата. Дојде време да го запреме ова.

Ги повикуваме сите да направат сè што е во нивна моќ за да стават крај на семејното насилство, на сексуалното вознемирување, на раните бракови и на сите форми на насилството врз жените. Насилството врз жените е извор на страдање за сите што се засегнати, кривично дело и повреда на човековите права. Ние можеме и мораме да работиме заедно за да ставиме крај на насилството.

#16ДенаАктивизам #ПријавиРодовоБазираноНасилство #ПријавиНасилствоВрзЖените

Previous Успешно спроведена постапка за продажба на градежно земјиште

Заследете не

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Општина Дојран 2023 - Сите права се задржани

Accessibility