Заедно со градоначалникот на општина Ресен, потпишан е договор со Владата на Р. Северна Македонија за доделените средства во висина од 40.000.000 денари од Буџетот за 2021ва година.
Овие средства, заедно со претходно доделените 30.000.000 денари од Буџетот за 2020 година ќе бидат искористени за подобрување на квалитетот на водата и целокупниот еко систем на Дојранското езеро.
Вкупно 70.000.000 денари се доделени за грижа за едно од нашите најголеми природни богатства – Дојранското Езеро.