Месец: м.г

Започнува третирањето против ларвицидни и возрасни комарци во општините од Југоисточниот плански регион

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот започнува со активности за третирање против ларвицидна и возрасна форма на комарци по земјен пат. Предвидени се две третирања за ларвициди и три третирања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион дека првото ларвицидно прскање ќе се изврши во период од 20 до 22 Април 2021 година, со следниот распоред:

  1. На 20.04.2021 година (Вторник), во период од 09 до 16 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци.
  2. На 21.04.2021 година (Среда), во период од 09 до 16 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
  3. На 22.04.2021 година (Четврток), во период од 09 до 16 часот во општините Радовиш и Конче.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Изведба на 3D пешачки премини во Општина Дојран

Во Општина Дојран за прв пат се обележаа 3D пешачки премини.

Со ова повеќекратно е зголемена безбедноста на пешаците. Пешачките премини, а особено тридимензионалните ја подобруваат безбедноста во сообраќајот во Нов и Стар Дојран, со воспоствување на режим на сообраќај со изведба на хоризонтална и вертикална патна сигнализација на најкритичните делови таргетирани и утврдени од службите на Општина Дојран.

 

Санација и реконструкција на полициска станица Дојран

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денес беше во работна посета на Дојран. Заедно со градоначалникот Ангов ја посетија реконструираната и санирана зграда на ПС Дојран, каде што беше извршен увид во условите за работа

Зградата на ПС Дојран е реконструирана со средства од Буџетот на Министерството за внатрешни работи во рамки на концепцијата за подобрување на материјалните, инфраструктурните и техничките потенцијали на полициските организациони единици
Подоцна, министерот Спасовски и градоначалникот Ангов разговараа за тековните проблеми, за подобрување на соработката помеѓу МВР и општината, меѓудругото беше споменато и отварање на базна станица за вадење на лични документи на локалното население која ќе биде од голема корист за населението во скратување на времето и на финансиските трошоци