Во Општина Дојран за прв пат се обележаа 3D пешачки премини.
Со ова повеќекратно е зголемена безбедноста на пешаците. Пешачките премини, а особено тридимензионалните ја подобруваат безбедноста во сообраќајот во Нов и Стар Дојран, со воспоствување на режим на сообраќај со изведба на хоризонтална и вертикална патна сигнализација на најкритичните делови таргетирани и утврдени од службите на Општина Дојран.