Месец: м.г

Посета на фудбалските терени во општината

Градоначалникот на Општина Дојран, заедно до Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денес, 29.05.2021, ги посетија фудбалските терени во општината, разговараа за тековните активности, идни планови и проблеми со кои што се соочуваат ФК Дојранско езеро и ФК Џокер – Фурка. Директорот на Агенција за млади и спорт покажа заинтересираност за подобрување на инфраструктурните капацитети, со кои ќе се подобрат спортските активности.

Градоначалникот Ангов истакна дека младите категории кои се формирани во склоп на ФК Дојранско езеро и ФК Џокер Фурка се  општинска гордост и на нивните успеси се наша заедничка радост.

Национално триатлон првенство – Дојран 2021

Првиот триатлон во тековната 2021 година ќе се одржи во Дојран. Натпреварот е во организација на ТФМ и Општина Дојран, а како помагатели се јавуваат Агенцијaта за млади и спорт и Македонскиот Олимписки комитет.

Пријавени се над 100 натпреварувачи а трките ќе се организирааат во два дена во зависност од возрасните категории.

Пропозициите за трката :
Место на одржување: Стар Дојран на 29 и 30 мај (сабота и недела).Стартните броевите по категории ќе се поделат на 28 мај на плоштадот позади главната зграда на Општина Дојран. Истите ќе може да се подигнат индивидуално или преку тренерите кои имаат можност да ги подигнат сите пакети за својот клуб, според протоколот. (Спортистите треба да обезбедат сопствена заштитна маска (со покриени уста и нос) и гумени ракаваци за една употреба и се должни да ги носат при подигнување на стартните пакети).

Распоред на трките по категории

29. мај сабота

Категорија: Деца 2
8:30 ч. – Отварање на боксот, термален скрининг и дезинфекција;
8:30-8:50 ч. – Загревање за пливање;
8:55 ч. – Поставување за старт, според протоколот;
9:00 ч. – Старт.

Категорија: Деца 1
10:00 ч. – Отворање на боксот, термален скрининг и дезинфекција;
10:10-10:20 ч. – Загревање за пливање;
10:25 ч. – Поставување за старт, според протоколот;
10:30 ч. – Старт во бранови

30. мај недела

Категорија на: Сениори/ки Јуниори/ки,Кадети/ки и Мастерс

8:15-8:50 ч.- Отворање на боксот, термален скрининг и дезинфекција;
8:30-8:45 ч. – загревање за пливање;
8:55 ч. – Поставување за старт според протоколот;
9:00 ч.- Старт.

Лимитот на трката е до 10:40 часот во делот од пливањето и велосипедизмот.

Право на учество имаат регистрираните спортисти во ТФМ (членови на клубовите) и рекреативните натпреварувачи. Спортистите мора да бидат осигурани и лекарски прегледани. (Обврска на клубовите). Спортистите кои немаат осигурување и лекарски преглед, потпишуваат изјави дека настапуваат на сопствена одговорност.

Мапите со насоки на движење за сите делници од трката. Маршутата ќе биде појаснета и пред самиот настан. Боксот (транзицијата), ќе биде поставен на главниот плоштад позади Општината во Доран, популарно место наречено “под Јаворот”.

Денови на жалост во Општина Дојран

Денес и утре се денови на жалост во Општина Дојран, откако советниците на општината  едногласно ја донесоа оваа одлука на вонредната седница закажана по повод трагичната смрт на младиот Бранко Николиќ, жител од селото Николиќ.

Знамињата ќе бидат истакнати на половина копје, културните, спортските и забавните манифестации ќе бидат одложени.

Градоначалникот Ангов нагласи дека тагата е голема и неизмерно сочувствува со болката на семејството Николиќ.

“Најмалку што можеме да направиме е да прогласиме ден на жалост во Дојран. Сакам да ја искажам намерата на општината и граѓаните, бидејќи во овие моменти на тага и жалост сите сме сполетни”, истакна градоначалникот.

Уредување на градската плажа “Калдрма”

Градската плажа “Калдрма” во Нов Дојран повторно ќе заживее. Една од најстарите плажи во Дојран и своевремена гордост на жителите од Нов Дојран, “Калдрмата” се враќа во полн сјај. На огромно задоволство на сите љубители на езерско капење ве известуваме дека плажата ќе биде подготвена да ги пречека своите први капачи и љубители на сончањето на самиот старт на овогодинешната туристичка сезона.

Со овој проект Општина Дојран ја зголемува својата туристичка понуда и се вбројува меѓу најпосакуваните дестинации за одмор и релаксација во нашата држава.

Информација за второ прскање против ларвициди по земјен пат

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот започна со активности за третирање против ларвицидна и возрасна форма на комарци по земјен пат. Предвидени се две третирања за ларвициди и три третирања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион дека второто ларвицидно прскање ќе се изврши во период од 17 до 19 Мај 2021 година, со следниот распоред:

  1. На 17.05.2021 година (Понеделник), во период од 09 до 16 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци.
  2. На 18.05.2021 година (Вторник), во период од 09 до 16 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
  3. На 19.05.2021 година (Среда), во период од 09 до 16 часот во општините Радовиш и Конче.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Реконструкција на колекторскиот систем во Дојран

Реконструкцијата на колекторскиот систем во Дојран влегува во завршна фаза. Станицата за прочистување на отпадните води која долги години работи само со еден блок сезонава конечно  треба да профункционира со полн капацитет.
Во реализацијата на проектот ќе бидат вложени над 300.000 евра, средства обезбедени од Министерството за животна средина за кои тендерските постапки се во завршна фаза. Зајакнувањето на системот за прочистување ќе значи и поголема заштита на езерото без притоа да се постои опасност од зголемениот број на туристи кој секоја година е се поевидентен.
Тендерските постапки се објавени и се во завршна фаза, односно се работи за средства од Министерството за животна средина за реконструкција на пречистителната станица која навистина беше горлив проблем минатите години, односно децениски проблем кој што во моментов го решаваме и со тоа секако се покажува грижата за заштита на езерото.  Работиме и на други проекти за заштита на животната средина кои што се во завршна фаза. Односно се работи за проекти добиени од ЕУ со прекугранична соработка, со искористување на ИПА фондовите. Средствата ќе бидат искористени за камиони, канти за секоја фамилија, за сортирање на ѓубрето итн.

Известување за прекин во напојувањето со електрична енергија

ЕВН КЕЦ Гевгелија, известува дека среда, 5ти мај 2021ва година, без снабдување со електрична енергија ќе остане населенето место Стар Дојран и дел од населбата Сретеново, во период од 08.00 до 12.00 часот.

Прекинот е заради превземање на технички зафати во НН мрежата за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците.

Демант на напис од порталот “Дома”, објавен на социјалните мрежи

 Почитувани граѓани,
Водите на Дојранското Езеро се еден од најважните ресурси за нашата Општина но и за целата држава, затоа посветеноста на Општина Дојран е во насока на директна заштита на езерото. Општината доследно спроведува интегриран пристап во управувањето со водите со акцент на еколошкиот аспект, затоа што водите се ставени под надлежност на Министерството за животна средина. Приоритетите на Општина Дојран остануваат да бидат заштита на езерските води. Да се остане совесен граѓанин е многу важно, да се издржи на принципите во кои веруваш, исто така. Ниеден притисок не може да нè скршне од планираната ревитализација на крајбрежјето, таа сега е веќе научно аргументирана и еколошки неопходна. Почитувани Дојранчани, Општина Дојран тврди дека ИМАМЕ ПРАВО НА ЧИСТО ЕЗЕРО и имаме обврска за него да се избориме – сите заедно.
Целосно ги демантираме наводите на новинарот Мартин Пушевски дека при реализација на проектот, предвидено е тињата која ќе биде извадена од брегот на Дојранското Езеро, да се исфрли повторно во внатрешноста на езерото.
Појаснуваме дека загадувањето и таложењето на тиња, претставува најголема закана за разновидноста на водниот свет во езерото! Како резултат на тињата, многу езера го намалија својот капацитет на вода и нивната средна длабочина.
Целта на овој проект е чистење и одвлажнување на Дојранското Езеро заради зголемување на длабочината на езерото и подобрување на водниот режим. Во таа насока, извадената тиња од крајбрежјето на езерото, нема да се враќа во неговата внатрешност, туку истата ќе биде складирана во приемни касети на погодна локација, по што ќе се изврши хемиска и биолошка анализа на тињата за да се испита нејзината погодност за користење како органско ѓубриво во земјоделството.
Потенцираме дека, третманот за физичко отстранување на тиња е техника практикувана во светски размери! Предноста на ископувањето на тињата, е што овој процес ќе ги отстрани и органските и неорганските соединенија, поточно фосфорот и азотот кои штетно влијаат на живиот езерски свет така што ја намалуваат резервата од кислород во водата, а од друга страна формираат дополнителни количини на фосфор и азот.
Врз основа на заклучоците на Извештајот за утврдената состојба на флората и фауната на Дојранското Езеро од 2015 година, изготвен од Регионалниот центар за животна средина на Република Македонија, Општина Дојран се заложи за ревитализација на крајбрежјето на езерото. Екипата која го изработи Извештајот е сочинета од врвни експерти во лимнологија (наука за езера), што е спротивно на тврдењата дадени во статијата дека за спроведување на проектните активности не се консултирани стручни лица од областа на екологијата.
  Во однос на тврдењето на професорот Александар Трендафилов, дека “ќе се уништат толку фалените алги”, упатуваме на заклучоците на Извештајот за утврдената состојба на флората и фауната на Дојранското Езеро од 2015 година и стручните наводи во универзитетската книга “Геохемија на средина” од професорите Блажо Боев и Соња Лепиткова, каде стои дека алгите пречат во филтрацијата, односно разводнувањето на водата и според утврдената состојба со алгалната флора, Дојранското Езеро се наоѓа под континуиран притисок од високи концентрации на отпадни материи што доведува до лоша еколошка состојба и лош статус на квалитетот на водата.
До Министерството за животна средина и просторно планирање, доставено е известување за изведување на планираните активности. Планот за чистење на крајбрежјето на Дојранското езеро, нема да се реализира до добивање на соодветно стручно мислење од страна на министерството, а воедно од истото побарано е да номинира стручни лица кои ќе бидат вклучени во активностите на проектот.
Согласно Планот за управување и Годишната програма за заштита на природата на Дојранското Езеро, Општина Дојран ќе го реализира и планот за реконструкција на пречистителната станица за отпадни води – директно финансиран од страна на Владата на Република Северна Македонија – за подобрување на нејзиниот капацитет и на самиот третман на отпадните води. Набавивме и сувоземно-пловен багер – „Амфибија“ за собирање на пластичен и зелен отпад (бујна вегетација) во Зоната на одржливо користење на Дојранско Езеро. Набавката на возилото финансиски е овозможена од Европската Унија во рамки на Проектот Интегриран систем на управување со екосистемот на Дојранското Езеро.
Општина Дојран работи и ќе продолжи да работи во насока на подобрување на квалитетот на водите на Дојранското Езеро, овозможувајќи им на граѓаните да го остварат своето загарантирано право на здрава животна средина.

Набавка на сувоземно – пловен багер за чистење на Дојранското Езеро

Согласно Планот за управување и Годишната програма за заштита на природата на Дојранското Езеро – набавивме сувоземно-пловен багер – „Амфибија“ за собирање на пластичен и зелен отпад (бујна вегетација) во Зоната на одржливо користење на Дојранско Езеро.

Набавката на возилото финансиски е овозможена од Европската Унија во рамки на Проектот Интегриран систем на управување со екосистемот на Дојранското Езеро.
Општина Дојран работи и ќе продолжи да работи во насока на подобрување на квалитетот на водите на Дојранското Езеро, овозможувајќи им на граѓаните да го остварат своето загарантирано право на здрава животна средина.