Реконструкција на колекторскиот систем во Дојран

Реконструкцијата на колекторскиот систем во Дојран влегува во завршна фаза. Станицата за прочистување на отпадните води која долги години работи само со еден блок сезонава конечно  треба да профункционира со полн капацитет.
Во реализацијата на проектот ќе бидат вложени над 300.000 евра, средства обезбедени од Министерството за животна средина за кои тендерските постапки се во завршна фаза. Зајакнувањето на системот за прочистување ќе значи и поголема заштита на езерото без притоа да се постои опасност од зголемениот број на туристи кој секоја година е се поевидентен.
Тендерските постапки се објавени и се во завршна фаза, односно се работи за средства од Министерството за животна средина за реконструкција на пречистителната станица која навистина беше горлив проблем минатите години, односно децениски проблем кој што во моментов го решаваме и со тоа секако се покажува грижата за заштита на езерото.  Работиме и на други проекти за заштита на животната средина кои што се во завршна фаза. Односно се работи за проекти добиени од ЕУ со прекугранична соработка, со искористување на ИПА фондовите. Средствата ќе бидат искористени за камиони, канти за секоја фамилија, за сортирање на ѓубрето итн.