Градоначалникот на Општина Дојран, заедно до Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денес, 29.05.2021, ги посетија фудбалските терени во општината, разговараа за тековните активности, идни планови и проблеми со кои што се соочуваат ФК Дојранско езеро и ФК Џокер – Фурка. Директорот на Агенција за млади и спорт покажа заинтересираност за подобрување на инфраструктурните капацитети, со кои ќе се подобрат спортските активности.
Градоначалникот Ангов истакна дека младите категории кои се формирани во склоп на ФК Дојранско езеро и ФК Џокер Фурка се општинска гордост и на нивните успеси се наша заедничка радост.