Општина Дојран за прв пат од своето постоење обезбеди комплетно ново амбулантно возило.
Возилото за брза помош ќе биде постојано достапно и на располагање за жителите од Општина Дојран кои имаат потреба од брза интервенција.
Со оваа набавка дополнително се зајакнуваат капацитетите за транспорт на пациенти и се овозможува побрз и полесен пристап на пациентите до потребните здравствени услуги, особено што станува збор за пациенти во животозагрозувачка состојба, кога брзата реакција е од витално значење.
Амбулантното возило исто така ќе биде од голема помош во месеците кога Општина Дојран има зголемен број на туристи и посетители.
Во случај на итни здравствени интервенции жителите на општината, но и туристите ќе имаат брз, сигурен и безбеден здравствен транспорт.
Градоначалникот Ангов изрази особена благодарност до транспортната фирма Руски транс за донацијата и секако им се заблагодари на министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче и директорот на ЈЗУ здравствен дом со проширена дејност Гевгелија, г-дин Митко Крџев за нивното присуство на примопредавањето на амбулантното возило.
Новото амбулантно возило е со целосна високостандардна медицинска опрема.