Реконструкција и проширување на дел од улица “Илинденска”

После долги години се врши целосна реконструкција и проширување на дел од ул.Илинденска и ул.Партизанска во Стар Дојран
Вкупната должина на реконструкцијата на улиците е 525м.
Инфраструктурата е важен фактор во развојот на туризмот и подобрување на условите на живеење и функционирање на локалното население.
Продолжуваме со уште посилен интензитет и реализација на нови улици во сите населени места за што веќе има обезбедено финансиски средства за реализација на истите.