Месец: м.г

Мандра фестивал

Мандра Фестивал е open-air музички фестивал во Дојран,идејата на фестивалот e да ги обедини сите генерации на еден фестивал и да го понуди на публиката најдоброто од Балканската музичка сцена.
Оваа година на МАНДРА ФЕСТИВАЛ ќе ги чуеме: Ацо Пејовиќ, Јоце Панов, Наташа Беквалац, Рибља Чорба, ТАСКО, Црвена Јабука, THCF, Тони Зен, Ивона Јо, Реља, Антониа Гиговска и Владо Јаневски. Како водител на настанот повторно ќе го видиме позитивниот и забавниот Мирослав Кацаров.
Билети во продажба преку www.kupikarta.com.
МАНДРА ФЕСТИВАЛ | Еден фестивал за сите генерации !

Прво прскање против комарци

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека во период од  22 и 23 Јуни 2022 година, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни комарци со следниот распоред:

  • На 22.06.2022 (Среда), во општините Струмица и Гевгелија
  • На 23.06.2022 (Четврток), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.

    Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден,  кога временските услови ќе бидат подобри.  

    Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.