Во Дојран се одржува тридневната меѓународна научна конференција за безбедност 2022 година во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што ќе се одржува до 7 септември 2022 година.
Конференцијата е посветена на промислување на механизмите за безбедност, мир и развој кои се поврзани со севкупните промени, вклучително и политички, воени, геополитички, економски, општествени и еколошки прашања.
На конференцијата ќе дискутираат над 80 учесници од нашата држава, од Германија, Босна и Херцеговина, Италија, Полска, Србија, Турција, Црна Гора, Мороко, Франција, Нов Зеланд, Грција и Шпанија.