Дојран е интересен и за медиумите надвор од границите на нашата држава. Новинарска екипа од соседна Република Грција неколку денови ќе престојуваат во Дојран и ќе снимаат репортажа за знаменитостите во нашата општина, за езерото, историјата, културата…

Градоначалникот на Општина Дојран даде изјава за репортажата која ќе се емитува на грчката национална телевизија, а им обезбедивме и соговорници кои ќе зборуваат за богатото минато на градот, легендите, но и за рибарството, стопанството и туризмот.

Самите новинари истакнаа дека Дојран им оставил прекрасен впечаток и дека планираат набрзо да го посетат нашето туристичко место и приватно да престојуваат овде.

Секогаш е убаво кога странски екипи се интересираат за Дојран, кога сакаат да го овековечат нашето туристичко место со фотографии и репортажи, а нам ни е задоволство да соработуваме со новинарски екипи кои сакаат да не промовираат надвор од границите на нашата земја.

 

 

Previous Во тек – обуки за спречување на малолетнички бракови

Заследете нè

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility