Месец: м.г

Новогодишен базар 2022

Дел од амбиентот на овогодинешниот базар кој се одржа во градскиот парк во Стар Дојран. На настанот со свои ракотворби, но и со соодветна новогодишна програма учествуваа децата од О.О.У “Кочо Рацин” Нов Дојран и децата од ЈОУДГ “Кокиче” Нов Дојран.
Задоволството на сите присутни беше очигледно.
Радост, детски насмевки и присуството на омилениот Дедо Мраз го одбележаа овогодинешниот новогодишен базар.

Изгласан Буџетот на Општина Дојран за 2023та година

Главна цел на општина Дојран е да служи во корист на граѓаните и да ги застапува нивните интереси и приоритети. Затоа со учество на граѓаните, преку испраќање на своите идеи и предлози го изработивме буџетот на општина Дојран за 2023 година.
Со 8 (осум) гласа ЗА и 1 (еден) воздржан беше изгласан Буџетот за 2023 година.
Буџетот e развоен со развојни компоненти и многу капитални инвестиции кои го следат трендот на раст и развој на општина Дојран, а воедно ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и развој на општината.
Годинава, Буџетот на општината има развојна компонента, 70% од Буџетот е за развојни цели, додека 30% се определени за тековно – оперативни трошоци.
Општина Дојран, заедно со сите населени места, со новиот буџет сигурно чекори кон својот нов, модерен лик.
✅Граѓански буџет
✅Од граѓаните, за граѓаните

Подароци за дечињата од ЈОУДГ “Кокиче” Нов Дојран

Токму денес, на големиот христијански празник Свети Никола, Градоначалникот на Општина Дојран ги посети најмалите жители во општината, децата од ЈОУДГ “Кокиче” Нов Дојран.
Среќата која се чувствува во воздухот, ведрината, прекрасните детски насмевки и радоста во градинката беа надополнети со пригодни празнични подароци и присуството на Дедо Мраз.
Вистинско задоволство е да се гледаат веселите детски лица, бидејќи ништо друго не носи толку голема среќа како радоста на оние кои ги сакаме најмногу.
Затоа што Свети Никола, меѓу другото се смета и за заштитник на децата, им посакуваме на сите деца и на нивните родители многу радост и среќа, здравје и дом исполнет со мир, спокојство и убавина.
Воедно, со овие прекрасни, весели фотографии од нашите деца ви посакувам честит празник и вечно и благословено име на сите кои денес го чествуваат големиот светец – Свети Никола.