Месец: м.г

Работна средба помеѓу амбасадорката на соседна Р. Грција и Градоначалникот на Општина Дојран

Денеска во работна посета на Општина Дојран беа Н.Е Sophia Philippidou, Амбасадор на Р. Грција во Р. С. Македонија и Maria Diagounma, раководител на конзуларното претставништво во Амбасадата на Р. Грција во нашата земја.
​На едночасовната средба, се отворија повеќе теми на разговор, но најважно од се беше обостраната подготвеност за продлабочување на добрососедските односи помеѓу двете земји. Прекугранична соработка на ИПА проекти, заедничко аплицирање за средства од фондовите на Европската Унија и секако, грижата за добросостојбата на Дојранското Езеро се врвни приоритети за нашата општина и токму затоа најпрво се отвори дискусија за овие прашања.
Амбасадорката беше запознаена со странските инвестиции во нашата општина, можностите за инвестирање, туристичките потенцијали, бројот на грчки граѓани кои секојдневно поминуваат низ граничниот премин Дојран и детали за нашата соработка со општините Серес и Кукуш од грчка страна.
Ќе се разгледа можноста за соработка во полето на здравствената заштита, исто така ќе се превземат конкретни чекори за унапредување на соработката помеѓу двете држави, а особено помеѓу општините кои се директно засегнати за добросостојбата на езерото.

Честитика по повод Бадник и Божиќ

Драги мои сограѓани,

Кога се честита од срце, без исклучок, секогаш се пишуваат најубавите зборови.

Нека овие големи  православни празници во вашиот дом донесат мир и благосостојба. Божиќ е најсветиот и најрадосниот христијански празник, празник на семејството и мирот, празник на Христовото раѓање, додека Бадник е предвесник на големиот христијански ден, сплотувајќи ги најблиските на бадниковата трпеза.

Нека Бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домовите и семејствата, а доброто здравје, духовниот мир и меѓусебното разбирање царуваат во Вашите срца.

Да се радуваме со нашите сакани, да останеме сплотени и истрајни во сите предизвици, да споделиме со блиските, да љубиме и да се почитуваме од срце.

 

Среќен Божиќ, Христос се роди!