Месец: м.г

Општина Дојран на престижниот саем за туризам во Белград

На вториот ден на саемот за туризам во Белград, градоначалникот Ангов имаше можност да се сретне со државниот секретар на Министерството за туризам и млади – г-дин Урош Кандиќ.
Беше разговарано на повеќе теми, но главниот акцент е ставен на туризмот и потенцијалот кој го има Дојран. Разговарано е за она кое е интересно да се понуди на српските тур оператори како би привлекле повеќе туристи токму во нашиот бисер – Дојран.
Презентирани се бројните туристички капацитети со кои располагаме,започнувајќи од хотелите, приватните апартмански сместувања, бунгаловите и можноста за кампинг туризмот.
Спомената е можноста за дополнителна промоција и соработка надвор од саемските денови, како и опционално да се вклучат повеќе тур оператори, се со цел да се привлечат повеќе туристи во нашиот Дојран надвор од летната туристичка сезона.
Самиот државен секретар истакна дека овогодинешниот саем за туризам во Белград е одлична можност за промоција на Општина Дојран, а истиот генерално ќе биде насочен кон зајакнување и обновување на туристичката средина, како и промоција на трендови и иновации кои ќе ја обликуваат иднината на туристичката индустрија.
Со учество на овогодинешниот 44ти саем за туризам во Белград ќе започне бран на нова енергија за туризмот во регионот. Преку воспоставување контакти и вмрежување на учесниците ќе се следи правецот на постигнување подобри бизнис, односно туристички резултати за нашиот прекрасен Дојран.

Општина Дојран се приклучува кон донаторските акции за помош на Р. Турција и Сирија

Општина Дојран активно се приклучува кон акциите за донации за настраданите во катастрофалниот земјотрес кои ги погоди Р. Турција и Р. Сирија.

Од 14.02.2023та година до 17.02.2023та година (вторник до петок) сите граѓани кои сакаат да донираат ќебиња, топла зимска облека, средства за хигиена, конзервирана храна и слично, донациите може да ги донесат во просториите на Општина Дојран во периодот од 10.00 до 15.00 часот.

Да бидеме хумани и да помогнеме на семејствата на настраданите лица, како и на многубројните граѓани кои останаа без своите домови во разорниот земјотрес од 06.02.2023та година.
Собраните донации во Општина Дојран ќе се испратат до Црвениот Крст на Р. Северна Македонија. Понатаму, преку транспортни компании, сите, по сотритрање, ќе бидат доставени до најпогодените семејства во Турција и Сирија.