Општина Дојран активно се приклучува кон акциите за донации за настраданите во катастрофалниот земјотрес кои ги погоди Р. Турција и Р. Сирија. Од 14.02.2023та година до 17.02.2023та година (вторник до петок) сите граѓани кои сакаат да донираат ќебиња, топла зимска облека, средства за хигиена, конзервирана храна и слично, донациите може да ги донесат во просториите на Општина Дојран во периодот од 10.00 до 15.00 часот. Да бидеме хумани и да помогнеме на семејствата на настраданите лица, како и на многубројните граѓани кои останаа без своите домови во разорниот земјотрес од 06.02.2023та година. Собраните донации во Општина Дојран ќе се испратат до Црвениот Крст на Р. Северна Македонија. Понатаму, преку транспортни компании, сите, по сотритрање, ќе бидат доставени до најпогодените семејства во Турција и Сирија.