Месец: м.г

Известување за дезинсекција против ларви од комарци

Ве известуваме дека на ден 02.05.2023 година (вторник) на територијата на општина Дојран ќе се спроведе дезинсекција против ларви од комарци, согласно договорот со Министерство за транспорт и врски. Контролата врз работењето ќе биде извршена од страна на Центарот за јавно здравје Велес.

Општина Дојран ги доби првите државни прваци во карате

Дарија Џониќ и Михаела Јовановиќ се двете победнички во поединечни борби на државното првенство за деца од 10 до 13 години во карате – кумите. Со оваа победа, Дарија и Михаела го обезбедија своето членство во карате репрезентацијата на Р.С.Македонија и токму денешните освоени златни медали им ги отворија вратите за учество на Балканското првенство во карате!
Со овој нов успех, нашата општина испишува историски успех во карате спортот.
Она што особено ме радува е доказот дека Општина Дојран умее да ги препознае талентираните, храбрите, знае да вложи онаму каде што трудот и макотрпните тренинзи, неминовно ќе вродат со успех.
Продолжуваме да се грижиме за младите во Дојран, продолжуваме да инвестираме во спортските здруженија и спортистите кои допрва треба да блеснат на македонската спортска сцена.

Работен состанок во Министерството за животна средина

Добросостојбата на Дојранското Езеро и неговиот биодиверзитет отсекогаш биле на врвот на листата на приоритети во работата на Општина Дојран.
Токму затоа, денеска се одржа координативен состанок во Министерството за животна средина и просторно планирање заедно со министерката Kаја Шукова.
На состанокот беа присутни и претставници од невладината организација Милиеуконтакт, наши долгогодишни соработници од областа на заштита на Дојранското Езеро.
Се разговараше на повеќе теми, а најголем акцент се стави на заштита на езерото и отпочнатите постапки за изградба на нова пречистителна станица и санација на колекторскиот систем кои се врвен приоритет во нашата работа.
Дополнително, беше разговарано и за студијата за реализација и менаџментот за управување кои се неопходни документи за правилното менаџирање со езерото и неговиот биодиверзитет.
Од страна на министерката беше потенцирано дека Општина Дојран и Дојранското езеро ќе бидат вметнати во буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2024 година како еден од клучните приоритети и предизвици во истата.

Нов Дојран добива модерен и урбан градски пазар

По долги години, Нов Дојран конечно добива нов, модерен, урбан градски пазар.
Во склоп на градскиот пазар предвиден е мал плоштад и хортикултурно и партерно уредување околу истиот.
Со овој зафат, централното градско подрачје во Нов Дојран ќе добие современ и убав изглед.