Ученици од О.О.У „Кузман Јосифовски Питу” Скопје, беа во посета на Дојран.
Освен што децата се запознаа со убавините на нашата општина, научија повеќе за богатата историја, култура и традиција на Дојран и дојранско, тие имаа можност одблиску да видат како функционира една локална самоуправа и да добијат одговори на прашањата кои ги интересираат.
Остроумноста на децата, нивните интересни и мудри прашања беа за пофалба, а јас со задоволство одговарав на секое од нив.
Се надевам дека наскоро повторно ќе се видиме во Дојран.
Општина Дојран освен за локалното население, прашаањата на заинтересираните граѓани и туристи, во секое време е отворена и за посета на ученици од сите краеви на нашата држава.
Овде сме да помогнеме, да посочиме, да научиме.
Задоволство ни е да ги слушнеме сите граѓани, а посебна радост ни претставува кога ќе не посетат ученици кои со љубов се интересираат за нашиот бисер – Дојран.