Водата од Дојранското Езеро е во одлична состојба!

Последните испитувања на водата од Дојранското Езеро од страна на Центарот за јавно здравје, Велес, покажаа дека истата е во ОДЛИЧНА СОСТОЈБА и е БЕЗБЕДНА за капење и рекреација на луѓето!

Според неодамнешните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро, примероци земени од Градската плажа, плажата кај хотелот “Полин” и плажата “Гранико” од страна на Центарот за јавно здравје, институција со докажан квалитет која успешно работи години наназад, докажано дека водата кај трите споменати плажи е во одлична состојба и не постои пречка луѓето слободно да се капат и да уживаат во рекреативни активности во водата. 🌊🏊‍♀️

Резултатите од испитувањата на езерската вода се идентични со минатата година, односно, истите ја истакнуваат нејзината непроменета одлична состојба и покажуваат параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.

Во текот на летниот период од страна на Центарот за јавно здравје, Велес, неколку пати се земаат примероци од езерската вода за нејзино тестирање.

Previous Соопштение

Заследете нè

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility