Се известуваат граѓаните од општина Дојран, дека на ден 7 јули (петок) 2023 година во периодот околу 10 часот ќе се изврши ларвицидна дезинсекција и на ден 6 јули (четврток) 2023 година, во периодот околу 23:00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.
Дата 04.07.2023 година
Стар Дојран
Општинска администрација на општина Дојран- Одделение за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина