Нашата посветеност на еколошката одржливост и почиста иднина добива на интензитет!

Чест ни е што г-дин Дејан Прешичек, директор на Центарот за меѓународна соработка и развој од Словенија, денес присуствуваше на интензивна и продуктивна работна средба во општина Дојран.

💼За време на состанокот, г-дин Прешичек и општинските претставници разговараа за напредокот на проектот финансиран од Р. Словенија, Влада на Р. Северна Македонија и Министерство за животна средина, во износ од 3.500.000 еур, како и претстојните предизвици и далекусежните придобивки што ќе ги донесе овој голем потфат за Општина Дојран, но и пошироко.

Со овој огромен проект ќе бидат опфатени следните активности:

-изградба на НОВА, модерна и софистицирана пречистителна станица за отпадни води;

-санација на постоечкиот колекторски систем;

-канализациона мрежа во с.Црничани;

-изградба на две нови пречистителни станици (Constructed Wetland for natural treatment of wastewater) во населените места Фурка и Црничани;

📜 Тендерската постапка за прибирање понуди за отпочнување на овие активности ќе започне овие денови, а со тоа и овој мошне значаен чекор ја сигнализира нашата посветеност да го реализираме овој амбициозен проект.

🏭 Пречистителната станица за отпадни води ќе игра клучна улога во зачувувањето и заштитата пред се на Дојранското Езеро. Со користење на најсовремена технологија, ефикасно ќе бидат третирани отпадните води, осигурувајќи се дека пречистената вода е безбедна за повторна употреба или испуштање без да му наштети на екосистемот во езерото.

#ОпштинаДојран#CMSR#ОдржливостНаЖивотнатаСредина#ПочистаИднина#Соработка

Previous ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ДОЈРАН

Заследете не

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Општина Дојран 2023 - Сите права се задржани

Accessibility