Амбасадорот на Р. Франција во Р. С. Македонија, г-дин Сирил Бомгартнер, денес беше наш почесен гостин во Општина Дојран.
Со амбасадорот разговаравме за тековната туристичка сезона, предизвиците со кои се соочуваме во општината и можностите за идна соработка помеѓу Општина Дојран и Амбасадата на Франција во нашата држава.
Амбасадорот Бомгартнер изрази задоволство и восхит од убавините и туристичките потенцијали и можностите за инвестирање кои ги нуди нашиот Дојран.
