Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски заедно со директорот на Постојаниот Секретаријат на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек и градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов, денеска ја одбележаа „Европската недела на мобилност“ каде се вклучија во промоција на велосипедот како алтернативно средство за превоз, се со цел да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на животната средина.