Општина Дојран решава горлив децениски проблем!

Денес, премиерот на Р.С Македонија, г-дин Димитар Ковачевски беше во посета на нашата општина и официјално го најави започнувањето на градежните активности за изградба на новата и современа пречистителна станица, како и санација на долгоочекуваниот колекторскиот систем!

По четврт век, нашата општина конечно добива соодветна пречистителна станица и колекторски систем за третман на отпадните води.

Се чувствуваме горди и задоволни што општина Дојран, заедно со финансиски средства обезбедени од Владата на Р.С.Македонија, но и со средства обезбедени од Р. Словенија, успеа да изнајде решение за изградба на оваа важна инфраструктура. Со овој зафат кој е од непроценлива важност за општината, конечно ќе го решиме долгогодишниот проблем и ќе го заштитиме нашиот бисер, Дојранското Езеро.

Остануваме на ставот дека чистата животна средина, добросостојбата на Дојранското Езеро, односно генерално на природата, здравјето на граѓаните и напредокот на општина Дојран се врвни приоритети во нашето работење.

Оваа инвестиција ќе донесе бенефит на секој жител од општината, одлична вест е и што трендот на развој на Дојран го следат и останати инвестиции и проекти од инфраструктурно значење.

Со упорна работа и верба во подобро утре, испишуваме светла иднина за нашиот Дојран!

Previous Изградба на целосна канализациона мрежа во с.Црничани

Заследете не

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility