Во чест на 5ти Ноември, а со благородна мисла да им оддадеме почит на нашите предци, кои ни овозможија да живееме живот во слобода, благосостојба, љубов, со многу сонце и цвеќиња, решивме годинава празникот да го одбележиме започнувајќи од денес, па се до недела.
Традиционално, децата од О.О.У “Кочо Рацин” Нов Дојран, трчаа крос, ги покажаа своите уметнички и литературни таленти, положивме свежо цвеќе пред спомен обележјето во Нов Дојран и доделивме плакета за особен придонес во развојот на каратето како спорт во општина Дојран на Лилиана Упчева која неуморно тренира со децата од општината и покажува големи успеси како на државни така и на меѓународни карате натпревари.
Одбележувањето на празникот продолжува и утре, кога нашата општина ќе ја посети делегација од Р. Словенија, а завршува во недела со свечена седница на Советот на општината и положување на свежо цвеќе на спомен обележјето во Стар Дојран.
За нас, 5ти Ноември е повеќе од празник, 5ти Ноември е симбол на слободата, симбол на сплотеноста, непокорноста и ненадминливата желба за живот, правда и право на среќа!



