По повод 5ти Ноември, Денот на ослободувањето на Дојран, денес беше одржана свечена седница на Советот на општина Дојран.
Пред спомен обележејто во Стар Дојран, свежо цвеќе положија претставници од локалната самоуправа и Советот на општина Дојран, како и делегација од Марибор-Побрежје, Република Словенија.
На тој начин им се оддаде почит на борците од НОБ и се искажа благодарност за нивните дела и придонесот кој го дале за нашиот Дојран.
Ви посакувам честит празник, да го славиме заедно долги години и сите сплотено да придонесуваме за подобар живот и развој на нашата општина.