Во рамки на Програма за еднакви можности за тековната 2023та година, освен серијата работилници кои ги одржавме во сите подрачни и централното основно училиште “Кочо Рацин” Нов Дојран, а на кои зборувавме за проблемот со врсничко насилство, денес одржавме работилница со учениците од 9то одделение за справување со стрес, анксиозност и препознавање на сопствените емоции.

Фокус на работилницата беше практична вежба, препознавање на сопствените емоции и изведување на техника за релаксација.

Остваривме интеракција со учениците, размена на сопствени искуства и мислења, освестување на сопствените потреби, желби, но и ограничувањата од друга страна.

На овие работилници, покрај подобро запознавање на концептите за самодоверба и самопочит, емоционалната интелигенција и други поврзани поими, ќе се играат замислени сценарија на ситуации кога би посакувале да имаат повеќе самодоверба, ќе се прави самопроценка каде се на скалата на самодовербата, вежба како да го замолкнат внатрешниот критичар, и како тој глас на сомнеж, изразен преку негативни мисли да го заменат со позитивен внатрешен говор.

Колку е важно да се излезе од комфорната зона и колку таквите искуства помагаат во совладување на проблемите, ќе бидат само некои од прашањата на следните работилници предвидени со програмата за еднакви можности помеѓу жените и мажите.

Во оваа насока ќе се спроведат и работилници за подобрување на социјалните вештини, надминување на проблеми во комуникација и конфликтите, потоа замки на социјалните мрежи и безбедноста на интернет, контрола и управување со лутина и бес, справување со стресот и слично.

Врсничка едукација (peer learning) е форма на учење која во пракса се покажала за многу ефективна, зошто учениците полесно се поврзуваат на исто возрасно ниво, поактивни се во самиот процес, што е воедно и забавно и позитивно искуство за сите инволвирани.

Среќни сме што учениците се фокусирани на работилниците, изразуваат голем интерес за истите и евидентно е дека со задоволство ги следат предавањата на стручните соработници (комуниколог, психолог).

На учениците им е посочено дека во секое време може да се обратат на стручното лице, психолог во училиштето, но и на психолог од Центарот за социјални работи Гевгелија доколку имаат проблеми со врсничкото насилство, семејно насилство, емоционални потешкотии, чувствуваат анксиозност, панични напади или некаков облик на депресивно нарушување.

Previous Свечена седница на Советот на Општина Дојран по повод 5ти Ноември- Ден на ослободувањето на Дојран

Заследете нè

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility