Според годишната програма за еднакви можности помеѓу жените и мажите во општина Дојран за 2023та година, предвидено е серија на обуки да се одржат во сите подрачни училишта од нашата општина.
Обука за препознавање на сопствените емоции, справување со ученичкиот стрес, страв и непријатните емоции одржавме во подрачното училиште во село Ѓопчели.



На почетокот од предавањето кое траеше речиси два часа зборувавме за проблемот со врсничкото насилство во и надвор од училиштето, а потоа и за важноста на менталното здравје кај децата од училишна возраст.
Со серијата на обуки и стручната соработка со дипл. психолог од Центарот за социјални работи продолжуваме и понатаму во останатите подрачни училишта, се до комплетна реализација на Програмата предвидена за тековната 2023та година.