✍️Денес во Владата на свечена седница беа потпишани два договори со директорот на Бирото за регионален развој и Центарот за развој на југоисточен плански регион, за реализација на уште два проекти од големо значење за општина Дојран, “Воведување на нови услуги за одрлжив развој на општина Дојран” и “Дојран-медитерански бисер во југоистокот”.

📑 Со проектот “Дојран-медитерански бисер во југоистокот” се обезбедуваат околу 8.000.000 денари директно од буџетот на Владата и 2.000.000 денари сопствено учество на општина Дојран. Проектот се однесува на реконструкција на постоечката пешачка и велосипедска патека во должина од 5км, расчистување на бујната вегетација околу нејзе, поставување нова урбана опрема и нејзино целосно обележување.

📑 Проектот “Воведување на нови услуги за одрлжив развој на општина Дојран” ќе значи набавка на ново возило со кое ќе се подобрат комуналните услуги и одржливоста на веќе постоечките патеки и објекти, а со кој ќе добиеме почиста и поубава општина. Обезбедени се 4.000.000 денари преку Бирото за регионален развој, а остатокот од 2.000.000 денари е сопствено учество на општина Дојран.

📉 Со овие проекти, проектите коишто претходно се обезбедени, како што се изградба на нова пречистителна станица, санација на колекторскиот систем, изградба на канализациона мрежа во с.Црничани, изградба на две мини пречистителни станици во с.Црничани и с.Фурка, изградба на локалните патишта во с.Фурка, с.Црничани, с.Николиќ и Стар Дојран и други помали проекти, директното учество на Владата во развојот на општина Дојран само во овој период е над 235.000.000 денари. Огромна благодарност за оваа несебична поддршка која Дојран ја заслужува.

#ДојранСеСакаСоДела

Previous Дојранска софра 2023 година

Заследете не

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Општина Дојран 2023 - Сите права се задржани

Accessibility