Официјално вчера, заедно со Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во присуство на Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски го потпишавме договорот за реализација на проектот “Изградба на катна гаража со деловни простории во општина Дојран”.



Изразувам огромна благодарност до Владата и пратениците, за одобрените средства и препознавањето на суштинските приоритети за граѓаните. Со реализацијата на овој проект, решаваме еден од најгорливите проблеми во нашата општина, средување на сообраќајниот метеж, како и среден и уреден градски пазар.