Градоначалникот Анго Ангов, заедно со Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска потпиша договор за реконструкција и адаптација на Домот на култура во село Фурка.
Општина Дојран аплицираше на огласот објавен од Министерството за култура, а преку програмата за капитални дотации за инвестициони проекти од областа на културата и беше избрана меѓу единаесетте проекти од оваа програма.
Проектот опфаќа повеќе фази- фаза на отстранување, санација и адаптација на дел од објектот како младински културен центар, како и целосно партерно и хортикултурно уредување на просторот околу објектот со дополнителни содржини.
Оваа година, исто така со средства од буџетот на општина Дојран, ќе се изврши и внатрешна реконструкција на Домот на културата во Нов Дојран, односно продолжување на веќе започнатото, со што конечно по долги години ќе имаме нова и модерна сала за културни манифестации и настани.