Започна реализацијата на проектот за расчистување, санација, уредување и поставување на нова урбана опрема на пешачката патека покрај крајбрежјето на Дојранското езеро, односно од плажа “Калдрма”-Нов Дојран до одмаралиште Црвен крст- Стар Дојран, во должина од 5 километри.
Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој и учество на општина Дојран, а спроведувањето е преку Центар за развој на Југоисточен плански регион.