Дојран Гурман Фест 2024– гастрономско патување низ вкусовите на традиционалната кујна од Дојран приготвени од вештите раце на жените од “Здружение на жени-Дојрана” кои придонесоа овој фестивал да се искачи на уште повисоко ниво и да измами насмевки на сите посетители.
За фестивалот да биде уште побогат и пораскошен се погрижија “Распеани Дојранчанки”, Мишко Крстевски, Игор Џамбазов, фолклорниот ансамбл “Мегдан” и студио М.
За првпат оваа година, фестивалот имаше и хуманитарен карактер каде што на поставениот штанд сите можеа да донираат за прекрасниот Андреј.
Со „Дојран гурман фест“, како заштитен знак на Дојран и официјално започна летната сезона промовирајќи го нашиот Дојран како место со вкусна храна, чист воздух, прекрасна природа и медитеранска клима.