Со „Стела“ и анимирани филмови за деца синхронизирани на македонски јазик започна 3. фестивал „Преку езерото“ во Дојран. Најмладата публика уживаше, а имаа можност одблиску да го запознаат Столе Вујичиќ, режисерот на „Стела“ и да прашаат сè за првиот македонски ЕКО филм.

Претходно, во Музејот на Град Дојран се оддржа работилница за филмска писменост  со директорот на фестивалот „Преку езерото“, Јани Бојаџи, режисерот на „Стела“, Столе Вујичиќ  и претседателот на Советот на фестивалот Мими Ѓорговска Илиевска.

Официјалното отворање беше на 9 август со доделување на наградата „Мето Јовановски“ на актерот Владо Јовановски, како и проекција на филмот „Руски конзул“, последниот филм на Мето Јовановски.

Со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден документарен, фестивалот, кој е единствен од ваков вид во Македонија, понуди програма за сечиј вкус, на отворено, на брегот на Дојранското Езеро.

Previous Одобрен Урбанистички проект за село за формирање на градежна парцела на дел од КП 1560/1 КО Нов Дојран со намена А4-времено сместување, согласно УПС Нов Дојран (Одлука бр. 08-1152/3 од 24.11.2023 година), Општина Дојран, изработен согласно член 58 став 2 точка од 5 од Законот за урбанистичко планирање

Заследете нè

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility