ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известуваат граѓаните од општина Дојран дека на ден 19 јуни 2025 година (четврток) во периодот од 09.00 до 14.00 часот ќе се врши ларвицидна дезинсекција на посочените локации- јавните површини на територијата на подрачјето на општина Дојран.
Терестичка дезинсекција ќе се спроведе истиот ден во периодот од 20,00 до 24,00 часот со хемиски средства одобрени од надлежните институции во согласност со пропишаните здравствени, безбедносни и еколошки стандарди.
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Апел до пчеларите : Се замолуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пчелните кошници во најавениот термин на прскање.