Проектот СМАРТ сити Дојран е комплетно имплементиран, со што општина Дојран ја почнува својата трансформација во модерно и паметно туристичко место, по примерот на развиените европски градови, но и по примерот на ексклузивните туристички дестинации низ светот.

Проектот е финансиран со финансиски средства од Бирото за регионален развој, а имплементиран од Центарот за развој на југоисточен плански регион со партнерство од општина Дојран.

Со овој проект се подобрува квалитетот на живот на граѓаните во општината, посетителите на нашиот Дојран, како и целокупното доживување на туристите кои би сакале да пробаат ново и несекојдневно искуство.

Веќе од почетокот на наредниот месец официјално започнуваат туристичките тури кои ќе ги организира Јавното претпријатие “Тауријан”, а со самото тоа додаваме нови туристички содржини со кои ќе привлечеме поголем број како на домашни, така и на странски туристи. Претходно со истиот проект беа расчистени велосипедски патеки до самата Фронтова линија.

Со изнајмувањето и возењето на електричен велосипед на еден нов и поинаков начин може да се доживее Дојран, освен возењето по пешачко – рекреативната патека долж езерото, мештаните и туристите ќе може да ги откријат ридските убавини кои досега биле тешко достапни поради теренот, да се посети Фердинанова чешма и да се вози електричен велосипед по патеката од Првата светска војна.

Вкупно располагаме со 20 електрични велосипеди. Поставени се две СМАРТ табли, на плоштадот под јаворите во Стар Дојран и пред туристичкиот информативен центар.

СМАРТ сити Дојран нуди бенефити не само за општина Дојран која преку ова решение има можност за напредно далечинско управување на ресури и генерирање на заштеди туку нуди и збогатена туристичка понуда за сите посетители на нашето прекрасно туристичко место. Решението предвидува користење на IoT платформа и имплементација на WEB базирана апликација каде што се интегрираат различни IoT решенија.

#dojransmartcity

Previous Европска недела на мобилност

Заследете нè

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility