Започна реализацијата на целосна канализациона мрежа во село Црничани.
Со реализацијата на овој зафат, се решава еден од круцијалните проблеми и барања на жителите од ова населено место.
Средствата во износ од околу 18 милиони денари се обезбедени од Владата на Р.С Македонија и Влада на Р. Словенија преку ЦМСР Словенија.
Веќе е завршена и тендерската постапка за проектна документација за изградба на двете мини прочистителни станици во с.Фурка и Црничани, а веднаш потоа и нивна изградба со што ќе се стават канализационите мрежи во функција, во двете населени места.
Имплементацијата на комплетна канализациона мрежа во селото Црничани не само што решава суштински проблем за жителите, туку и значително придонесува за заштита на животната средина.