📣Дојран годинава дефинитивно е центар на значајни, возбудливи, мотивирачки, шаренолики културни настани.

📍Караванот насловен „Остави трага“, кој има за цел да ги мотивира младите, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја вечерва гостува во Дојран. На сцена во паркот под јаворите, на панел дискусијата насловена како „Еднаква, своја, успешна“ е отворена дискусија и во исто време се поттикнуваат младите да го зголемат нивното општествено учество, активацијата и подигање на свеста за еднаквоста во општеството.

📍Учесници на панелот, воедно и наши драги гости во Дојран се- Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Фатмир Битиќи, заменик претседател на Владата, Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, Сања Лукаревска, директорка на УЈП, Нева Грашиќ, советничка во Владата на Словенија, Василка Салевска Трајковска, менаџерка во компанија „Филип Морис“, Бленди Ходаи, претседател на ФОП, Назли Чан, асистентка на ИБУ Универзитет и Марија Андреева, проектнa раководителка во рамки на канцеларијата на Советот на Европа (CoE) во Скопје.

📍Настанот го модерира Огнен Јанески, а официјално го отвори групата „Шербет“. За време на настанот ќе биде изведена мини пиесата „Среќа“ на Интимен театар Битола, дел од студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет-Факултетот за уметност и дизајн ќе подготват уметнички дела на платно, додека младата уметничка Мартина Наумовска ќе гравира на стакло и стаклени чаши.

📍Серијата јавни настани која е насловена „Дојди и раскажи ја својата приказна- Остави трага“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Previous Работна средба со директорот на Центарот за меѓународна соработка и развој од Словенија, г-дин Дејан Прешичек

Заследете нè

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility