Нашата посветеност на еколошката одржливост и почиста иднина добива на интензитет!
Чест ни е што г-дин Дејан Прешичек, директор на Центарот за меѓународна соработка и развој од Словенија, денес присуствуваше на интензивна и продуктивна работна средба во општина Дојран.
За време на состанокот, г-дин Прешичек и општинските претставници разговараа за напредокот на проектот финансиран од Р. Словенија, Влада на Р. Северна Македонија и Министерство за животна средина, во износ од 3.500.000 еур, како и претстојните предизвици и далекусежните придобивки што ќе ги донесе овој голем потфат за Општина Дојран, но и пошироко.
Со овој огромен проект ќе бидат опфатени следните активности:
-изградба на НОВА, модерна и софистицирана пречистителна станица за отпадни води;
-санација на постоечкиот колекторски систем;
-канализациона мрежа во с.Црничани;
-изградба на две нови пречистителни станици (Constructed Wetland for natural treatment of wastewater) во населените места Фурка и Црничани;
Тендерската постапка за прибирање понуди за отпочнување на овие активности ќе започне овие денови, а со тоа и овој мошне значаен чекор ја сигнализира нашата посветеност да го реализираме овој амбициозен проект.
Пречистителната станица за отпадни води ќе игра клучна улога во зачувувањето и заштитата пред се на Дојранското Езеро. Со користење на најсовремена технологија, ефикасно ќе бидат третирани отпадните води, осигурувајќи се дека пречистената вода е безбедна за повторна употреба или испуштање без да му наштети на екосистемот во езерото.
#ОпштинаДојран#CMSR#ОдржливостНаЖивотнатаСредина#ПочистаИднина#Соработка