Во организација на Биатлон федерација на Р.С Македонија, во хотел Романтик- Дојран се одржа панел дискусија на тема “Родова еднаквост на жените во спортот-можности и предизвици”.
Целта на настанот е преку позитивни примери на спортските работнички да се покаже дека со напорна работа и труд може да се биде успешен и во спортот и во државата, но и надвор од неа, а при тоа да не е важен полот.
Спортската Биатлон федерација продолжува со своите приоритетни заложби за унапредување на родовата еднаквост во спортот во нашата држава, како и унапредување на положбата на спортските работници.
Во периодот што следува со низа на активности и настани активно ќе се дава поддршка на жените во спортот.