По повод 5-ти Ноември, Денот на ослободувањето на општина Дојран, чест и задоволство ни е да упатиме јавна покана до сите Вас, заедно да го одбележиме значајниот празник за нашата општина. По тој повод, ќе оддадеме почит на борците од НОБ со положување на свежо цвеќе пред спомен обележјата во Нов и Стар Дојран и со пригодни зборови ќе искажеме благодарност за нивните дела и придонесот кој го дале за нашиот Дојран.