На 28 декември, во основното училиште „Кочо Рацин“-Нов Дојран се одржа традиционалниот празничен детски настан „Новогодишна бајка“ на кој со новогодишен базар земаа учество ЈОУДГ „Кокиче“ и учениците од ООУ „Кочо Рацин“. Со музички изведби настапија учениците од прво и второ одделение и групата Hits Trio, а во живо се вклучи и македонската поп ѕвезда Елена Ристевска.
За топол пијалок и вкусни колачиња за сите присутни се погрижија вредните раце на жените од Здружението за жени „Дојрана“ од Дојран.
На настанот се направи избор на најубаво украсена куќа во Дојран и секое дете доби подарок од Дедо Мраз.